Мајкрософт достигна пазарна вредност од 1.000 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Акциите на Волстрит денеска се во пад поради финансиските извештаи на компаниите од индустрискиот сектор, па тоа е регистрирано и на европските берзи.

Loading...

Меѓутоа, во САД, акциите на Мајкрософт пораснале за 4,2 отсто откако компанијата пријавила подобри квартални бизнис резултати од очекуваните. Тоа допринело пазарната вредност на компанијата да достигне вртоглави 1.000 милијарди долари, со што станува третата американска компанија, по Ејпл и Амазон, која го надмина тој праг.

Фото: Пиксабеј

Leave a Reply