Мафијашко ферари претворено во полициски автомобил (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Државите на различен начин постапуваат со егзотичните автомоили чии сопственици влегле во проблем со законот.

Убедливо најлошата пракса е нивното уништување, со оглед дека во таа верзија сите се на губиток (под услов секако автомобилот да е во возна состојба).

Италијанската полиција се одлучила на попаметна идеја. Тие автомобилот марка Derrari 458 Spider, кој бил во сопственост на мафијата, го претвориле во полициски автомобил. Со налепници со познатата зелена боја и натписот „Polizia Locale“ тука се и ротациските светла.

Автомоиблот моментално е во сопственост на локалната полиција на градот Милано, а наместо за потера, ќе се користи за едукација на младите.

Целта е на тој начин да се објасни како илегалните бизниси не се исплатат. Запленетото Ферари нема цело време да биде во сопственост на полицијата, со оглед дека веќе постои план возилото да се продава на аукција, а приходите да се уплатат на сметките на жртвите на мафијашките пресметки.

Loading...

Leave a Reply