Мафијашкиот бос во Италија побегнал од затвор со помош на чаршаф (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мафијашкиот бос Марко Радуано (39), кој издржувал затворска казна за разни кривични дела, побегнал од затворот на Сардинија со помош на чаршаф.

Loading...

Радуано, познат и како Палоне, е осуден на девет години затвор.

Тој побегнал во саботата наутро од затворот со максимална безбедност „Бадуе Карос“ во Нуоро, кој се наоѓа на истокот на островот, пренесува британски Индипендент.

На објавеното видео, се гледа како Радуано се лизга по надворешниот ѕид на затворот со чаршафи и паѓа на тревата.

Чуварите дури по неколку часа сфатиле дека имаат еден затвореник помалку под нивна контрола.

„Веќе неколку месеци укажуваме дека затворот нема доволно персонал и тоа е главната причина што е загрозена безбедноста во затворот Нуоро“, изјави генералниот секретар Џовани Вила.

Заменик министерот за правда Франческо Паоло Систо смета дека ова е многу добро подготвено бегство.

По бегството на мафијашот, на Сардинија започнала потрага по него во која биле вклучени италијанската полиција и затворскиот инспекторат.

Loading...

Веднаш откако констатирале дека избегал, полицијата ги блокирала патиштата и почнала да ги проверува сите возила кои излегуваат од градот.

Како што се наведува, се верува дека Радуано воспоставил контакти со локалните мафии, а јавноста е предупредена да не му приоѓа доколку го види, туку веднаш да ги извести надлежните органи.