Мадуро сака поддршка од Кина на патот на Венецуела кон членство во БРИКС

Сподели со своите пријатели

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави денеска дека сака Кина да ја поддржи Венецуела во нејзините напори да се приклучи на групата БРИКС и додаде дека постоечките односи меѓу Кина и Венецуела можат да послужат за зајакнување на блокот.

Loading...

Мадуро, кој е во официјална посета на Кина, изјави дека Венецуела ќе стане членка на БРИКС како земја со најголеми резерви на нафта во светот, пренесува Блумберг.

Тој изрази надеж дека кинеските инвестиции во Латинска Америка и Карибите ќе се зголемат, пренесува Танјуг.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва претходно оваа година изјави дека ќе ја поддржи кандидатурата на Венецуела да се приклучи на БРИКС, чии членови сега, покрај Бразил, ги вклучуваат и Индија, Кина, Јужна Африка и Русија, а од 1 јануари следната година, членки ќе станат и Иран, Саудиска Арабија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Етиопија.