Мачка преживеала пад од висина од 115 метри во кој загинаа две лица

Сподели со своите пријатели

Мачка по име Мираж преживеала пад од висина од 115 метри во кањонот Брајс, во сојузната држава Јута, во кој загинаа две лица, објавија денес локалните власти.

Loading...

Според Џуд Батиста, главен службеник на животинскиот резерват „Бест Френдс“ во Канаб, Јута, мачката е стара околу 12 години, објавува „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Батиста рече дека мачката била пронајдена во „црна мека кутија која била валкана и искината“ и иако Мираж претрпела повреди, се очекува таа целосно да се опорави.

„Таа е многу слатко девојче и одлично се опоравува. Навистина е извонредно“, рече Батиста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вселенско летало би можело да се сруши на Земјата следната недела!

Мачката била пронајдена во близина на телата на 45-годишниот Метју Нанен и 58-годишниот Бејли Крејн, кои полицијата ги идентификуваше во четврток, според соопштението за медиумите од канцеларијата на шерифот на округот Гарфилд.

Засега не е познато дали Мираж им припаѓал на Нанен и Крејн, пренесува Танјуг.