МААЕ усвои резолуција: Русија да стави крај на окупацијата на Запорожје

Сподели со своите пријатели

Управното тело на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција со која бара Русија да ја прекине окупацијата на нуклеарната централа Запорожје во Украина, пренесува Ројтерс.

Loading...

Ова е втора резолуција усвоена од МААЕ од почетокот на рускиот напад врз Украина и содржината е слична, иако првата резолуција беше усвоена во март кога руските сили го освоија Запорожје.

Двете резолуции беа предложени од Канада и Полска во име на Украина, која не е членка на МААЕ.

Текстот на резолуцијата ја повикува Русија „веднаш да ги прекине сите активности против и во северниот дел на Запорожје и која било нуклеарна централа во Украина“, се додава.

За резолуцијата имаше 26 гласа, два гласа против и седум воздржани.

Русија и Кина гласаа против, додека Египет, Јужна Африка, Сенегал, Бурунди, Виетнам, Индија и Пакистан беа воздржани.

Делегацијата на МААЕ пред неколку недели го посети Запорожје за да ги види на лице место штетите на зградите поради гранатирањето на електраната, за што меѓусебно се обвинуваат Украина и Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...