Колку луто можете да јадете? освен што го подобрува вкусот, лутите пиперки лечат и болести кои лековите тепшко ги доведуваат во ред.
Чили, каенски бибер и фефеорнките се лути пиперки од семејството Capsicum. Популарни се благодарение на своите лути вкусови кои се неизоставен дел од многу јадења и сосови.
Својот лут вкус пиперките ги должат на посебна состојка која се нарекува кансаицин. Што повеќе капсаицин содржи, тоа е полута пиперката. Во поголеми количини капсаицинот пече на усните, јазикот и грлото, а тера и на плач. Големиот љубител на лутите пиперкасти јадења се Индијците, Виетнамците, Макесиканците и Унгарците.
Поголемиот дел од луѓето сепак сакаат умерено лут вкус кој ја подобрува храната и го стимулира варењето. И не само тоа – чилито пружа бројни бенефиции за здравјето.
Зошто лутите пиперки се здрави?
Капсаицинот на пиперките не им дава сао лутина, туку и посебни лековити својства поради кои може да се вбројат меѓу најздравите намирници во светот.
Делуваат антивоспалително: Благодарение на капсаицинот, чилито има антивоспалителни својства. Капсаицинот силно ја блокира супстанцата П, која е поврзана со воспалата на процесите во организмот. редовното внесување на чили може да послужи каок одлична превенција од артритис.
Спречува болка: најново истражување потврдува дека читито делотворно ги намалува болката предизвиката од артритис, псоријаза и дијабетички неуропатиум.
Го потикнува здравјето на кардиоваскуларниот систем: Се покажало дека лутите пиперки го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди во крвта и спречуваат појава назгрутчување на крвта. Културите кои широко го применуваат чилито во исхраната имаат помал процент на срцеви заболувања, мозочни удари и појава на тромбоза.
Го подобрува варењето: Според ајуверда, лутиот вкус го стимулира апетитот и го подобрува варењето. храната која добро се вари му дава на организмот неопходни нитрати и енергија, додека онаа која не се вари добро предизвикува киселини. Поради тоа, според ајуверда, доброто варење е клуч за нашето здравје.
Која количина на лута пиперка да внесувате?
Внесувањето на лутите пиперки зависи од количината на напсаицинот кој таа содржи – што се гледа во нејзината лутина. иако е лута пиперка доста лековита, не претерувајте. како и во се, во конзумирањето на лутиот вкус е потребна златна средина. Ајуверда зборува за тоа дека прекумерното внесување на лутиот сос може да има негативни здравствени последици.
Обично доволно е да внесувате една до две лажички лута пиперка на ден.