Лукашенко: Војниците на НАТО на прагот на Белорусија, Западот прави се за да ја вовлече земјата во конфликт

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека трупите на НАТО се на прагот на Белорусија и дека Западот прави се што може за да ја вовлече земјата во конфликт.

Loading...

„Ескалацијата околу нас само се засилува. Војниците на НАТО се на прагот од нашиот дом и прават се за да ја вовлечат Белорусија во конфликтот“, изјави Лукашенко по церемонијата на инаугурација во Палатата на независноста во Минск, пренесува РИА Новости.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари, а според податоците на Централната изборна комисија на Републиката, Лукашенко, кој по седми пат беше избран на највисоката државна функција, доби рекордни 86,82 отсто од гласовите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Шведска една недела ги бојкотираа продавниците. „Цените вртоглаво пораснаа“

За време на неодамнешната посета на Лукашенко на Москва, белорускиот лидер изјави дека ако неговата земја треба да избере, официјален Минск секогаш ќе биде на страната на Русија.

„Ако треба да избереме, секогаш ќе бидеме на страната на нашата Русија. Не може да биде поинаку. Белорусија никогаш нема да ја остави Русија сама“, рече Лукашенко во обраќањето пред Советот на Федерацијата, пленарна седница на Горниот дом на рускиот парламент, објави претходно РИА Новости.