Лука Велковски доби пехар од ОССК за освоениот сребрен медал од Светскиот куп

Сподели со своите пријатели

Лука Велковски, кик-боксер на КБК Куманово 2006 вчера доби пехар од Општинскиот сојуз на спортови Куманово за неговиот освоен сребрен медал на купот во Будимпешта.

Loading...

 

 

Велковски и неговиот тренер Сашо Илиевски беа на прием кај секретарот на Општински сојуз на спортови Куманово, Срѓан Величковиќ, каде им беше врачен пехарот.

– На нашиот долгогодишен државен првак освојувач на безброј медали од турнири меѓународни балкански првенства му додели пехар за освоениот сребрен медал кој како круна на неговата досегашна кариера и освојувањето на на Светскиот куп кој се одржа во Будимпешта, Унгарија во месец јуни и му посака успешна понатамошна кариера, а и јас како негов долгогодишен тренер сум задоволен од неговиот успех кој се надевам ќе му биде поголем мотив да продолжи да реди успеси, и на градот Куманово и секако на клубот и државата да им носи медали, изјави Сашо Илиевски тренер на КБК Куманово 2006.

 

Loading...

 

Илиевски воедно упати благодарност до Општинскиот сојуз на спортови за досегашната успешна соработка која, вели, сигурно ќе продолжи и понатаму.

Никола Ивановски