Луиза Винтон стана почесен граѓанин на Куманово и најави проекти од 200 илјади евра (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

На свечената седница која денеска се одржа во реновираната комитетска сала меѓу останатото беше доделена и наградата Почесен граѓанин на Куманово, која со одлука на Советот на општината оваа година отиде во рацете на претставникот на УНДП во Македонија, Луиза Винтон.

Loading...

Винтон истакна дека кога е во Куманово се чувствува како да е дома, затоа што е место со прекрасна разноликост. Таа истакна дека 2015 не беше лесна година за Куманово, па затоа најави финансиски средства на УНДП во износ од 200 илјади евра за два нови проекти во Куманово.

Во заложбата да ги исполнам моите должности како нов граѓанин, со задоволство ја користам оваа прилика да објавам дека УНДП ќе додели нови 200.000 евра за два нови проекти што ќе се користат за поддршка на градот Куманово – рече Винтон во своето обраќање.

 

DSC_0239

 

Првиот проект ќе биде преку директна донација на камион за собирање смет на локалната самоуправа, како што вели Винтон за потребите на локалните жители, но и бегалците кои транзитираат низ Куманово.

Вториот дел од парите ќе заминат за втор проект кој предвидува соработка со младите.

УНДП ќе соработува со градската администрација и граѓанските организации да се создаде и екипира соодветно место за младински активности, особено за оние што се насочуваат кон хуманитарен активизам – додаде новиот почесен граѓанин на Куманово, Луиза Винтон.

Инаку оваа награда се доделува по втор пат, а истата прв ја има добиено поранешниот амбасадор на САД во Република Македонија Лоренс Батлер.

Loading...