Најновата студија покажала дека луѓето кои пијат горко црно кафе имаат тенденција да бидат психопати. Но, без грижи постои сосема логично објаснување.
Дали сакате првото утринско кафе да ви биде горко? Уживате во црно чоколадо? Дали џин тоникот ви е омилен пијалок? Ако одговорот е потврден, имаме лоши вести за вас. Преференцијата на горкиот вкус може да биде поврзана со психопатија.
Најновата студија која се занимавала со поврзаноста на сетилата,е моциите и подсвеста открила дека оние кои сакаат гормо можат да бидат антисоцијални, ако не и психопати. Многу индивидуи кои биле во експериментот и покажале некои од овие карактеристики биле означени и како макијавелисти, а доколку сте го читале делото „Владетелот“ прашање е дали тоа би го сфатиле каок комплимент.
„Никогаш не се обидувај да победиш со сила, ако можеш со измама“ – доколку се сложувате со овој цитат, општеството има право во најмала рака да ве означи како социопат и веројатно не пиете кафе со шеќер. Така наречените „Макијавелистички чудовишта“ имаат појачан садизам, психпатија, нарцизам, како и низа други проблематични карактеристики.
Но, тоа се само резултати од направена студија, која може и да не биде точна.
Извор: ViralNova