Лудило во OpenAI: Прво го отпуштија главниот и одговорен, а кога избувна бунт – го вратија

Сподели со своите пријатели

Сем Алтман се враќа да го води OpenAI. Тој ја даде кратката објава на платформата X, само два дена откако беше објавено дека Алтман ја напуштил компанијата позната по развојот на четбот со вештачка интелигенција, ChatGPT, за да се вработи во Мајкрософт.

Loading...

– Го сакам OpenAi и се што направив во изминатите неколку дена беше во функција на одржување на овој тим и неговата мисија. Кога решив да се приклучам на Мајкрософт во неделата навечер, беше јасно дека тоа е најдобриот избор за мене и за тимот. Со новиот одбор и со поддршката, со нетрпение очекувам да се вратам на OpenAI и да го надоградам нашето силно партнерство со Microsoft, напиша Алтман откако OpenAI исто така го објави неговото враќање.

Денови на лудило

Да потсетиме, целата приказна започна викендот кога надзорниот одбор на OpenAI одлучи да го отстрани Алтман од чело на компанијата.

Сè уште не е јасно што ги поттикнало на ваков потег, но брзо се покажало како доста лошо.

Алтман се обиде да се врати на OpenAI во неделата, но одборот го отфрли и го назначи поранешниот шеф на Twitch Емет Шир за привремен извршен директор.

Таквата ненадејна промена на чело на OpenAI донесе тридневна неизвесност.

И за луѓето кои работат во OpenAI, и за партнерството со Microsoft, но и за понатамошниот развој на вештачката интелигенција.

Имено, повеќе од 700 вработени во OpenAI (во превод, речиси сите) се заканија дека ќе си заминат доколку одборот не поднесе оставка и не го врати Алтман на функцијата.

Loading...

Тие потпишаа заедничко писмо, а голем број од нив му изразија поддршка на Алтман и на платформата Х.

Притисокот однадвор, но и одвнатре, го принуди одборот да му ја понуди на Алтман старата позиција.

Дополнително, компанијата начелно се согласи на делумна реконструкција на управниот одбор што го замени.

Брет Тејлор, поранешен ко-извршен директор на Salesforce и Лери Самерс, поранешен секретар за финансии на САД, ќе му се придружат на извршниот директор на Quora и сегашен директор Адам Д’Анџело, соопшти OpenAI.

Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела ги поздрави промените во одборот на директори на OpenAI.

– Веруваме дека ова е првиот важен чекор на патот кон постабилно, добро информирано и ефективно владеење, напиша Надела.

Што е следно?

Враќањето на Алтман на OpenAI, со нови луѓе на чело, може многу да влијае на насоката во која ќе се развива вештачката интелигенција.

Но, кој правец ќе биде?

Loading...

Дури и најдобрите аналитичари тешко можат да го предвидат тоа.

Очигледно ќе треба да почекаме Бордот и Алтман да се договорат за се и да почне понатамошната работа.

Засега е јасно како е избегната криза во компанијата која со својот ChatGPT ја приближи вештачката интелигенција до милиони ширум светот.