Ловечка муниција и котури со кабли и електро мотори биле запленети изминатата недела на Граничниот премин Табановце во два одвоени случаи.
Како што информираат од Царинската управа ловечка муниција со вкупно 160 парчиња е откриена од страна на мобилен царински тим и службата за мобилен скенер на влез во државата на граничен преми Табановце.
– Патникот кој патувал со автомобил на прашање на инспекторите дали има нешто да пријави првично изјавил дека нема ништо за пријавување, но по отпочнување на контролата истиот рекол дека има само еден пар чизми. Инспекторите при вршење на контролата во куферот во багажниот простор освен чизмите, пронајдоа непријавени 160 парчиња ловечка муниција, велат од ЦУ.
Во друг случај биле запленети котури со кабли и електро мотои.
– Мобилен тим и служба за мобилен скенер на влез во државата на граничен премин Табановце при детална контрола на патничко комбе открија 23 котури со вкупно 2.300 метри електричен кабел, како и седум парчиња електро мотори, стои во соопштението.
Како што додаваат од Царина, против сторителите ќе биде поднесена прекршочна постапка.
Никола Ивановски