Лондон: Полицијата го истражува откривањето на метал контаминиран со ураниум

Сподели со своите пријатели

Полицијата отвори истрага откако на аеродромот Хитроу во Лондон беше пронајден метал контаминиран со ураниум, објави денеска Би-би-си.

Loading...

Службениците на Контратерористичката команда одговорија на безбедносното предупредување во Хитроу, кое беше активирано на 29 декември.

Весникот „Сан“, кој прв ја објави веста, објави дека ураниумот дошол од Пакистан во пратка старо железо.

Од полицијата за Би-би-си потврдија дека истражуваат дали имало непримерно ракување и изјавија дека нема опасност за граѓаните.

Алармите беа активирани во Хитроу откако специјализирани скенери ја открија супстанцијата додека се транспортирала во складиште во сопственост на компанијата за ракување со товар Swissport, објави Сан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од програмата на Месечината

Според извештаите, дестинацијата на пратката не е јасна и никој не е уапсен во врска со случајот.