Ливерпул: Маж на електричен велосипед застрелал две лица

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Мерсисајд побара од јавноста да се јави доколку има информации за напаѓачот на електричен велосипед кој пукал со пиштол кон двајца мажи во квартот Киркдејл во Ливерпул.

Loading...

Полициските службеници за настанот добиле пријава во неделата во 16 часот и 40 минути.

Според последните информации нема повредени, а напаѓачот побегнал. Полицијата се обидува да ги утврди околностите на овој настан.

„Истрагата е во многу рана фаза, сакаме да утврдиме што точно се случило. Иако никој не е повреден, пукањето било крајно несовесно и опасно“, изјавил инспекторот Хамиш Роклиф, а пренесува Sky News.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

„Ги уверувам нашите сограѓани дека работиме на пронаоѓање на одговорните и ќе ги изведеме пред лицето на правдата. Имаме нулта толеранција за секој што поседува огнено оружје. Немилосрдно ќе гониме секој кој е вклучен во овој вид грозоморно злосторство. Ве молиме контактирајте ако имате какви било информации за овој инцидент“, додаде тој.