Литвански министер: Војната во Украина ќе се реши само на бојното поле

Сподели со своите пријатели

Членките на НАТО ќе мора да дадат безбедносни гаранции за да се постигне мир во Украина, изјави денеска литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, а во исто време нагласи дека војната во Украина „ќе се реши само на бојното поле“.

Loading...

„Ако сакаме мир во Украина, ќе мора да обезбедиме безбедносни гаранции. Не постои поевтин начин да се обезбеди гаранција (на мир) од членот 5 од НАТО“, рече Ландсбергис, пренесе Ројтерс.

Според член 5 од Договорот за пристапување во НАТО, доколку една членка на НАТО биде нападната, сите други членки се обврзани да помогнат во нејзината одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските вооружени сили гаѓаа воени аеродроми и складишта за муниција во Украина

„Илузија е кога велиме дека не сме во состојба да ѝ обезбедиме на Украина она што и е потребно“, заклучил Ландсбергис, нагласувајќи дека војната во Украина ќе се реши само на бојното поле.