Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Србија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седумнаесет години имало лицето кое со албанско знаме на грбот ја откорна таблата на српскиот конзулат во Куманово завчера вечерта.

Loading...

Полицијата го привела вандалот кој предизвика еден во низата инциденти на Денот на албанското знаме.

– Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во многу важен канал во Косово: „Ова е терористички чин на Србија“

– Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово, велат од МВР.

 

Никола Ивановски

Loading...