Лидерот на Хезболах најави одговор на заканите од Израел

Сподели со своите пријатели

Лидерот на либанскиот Хезболах Хасан Насрала изјави дека проиранската организација би можела „да го врати Израел во камено доба“, одговарајќи на слична закана од министерот за одбрана на Израел.

Loading...

„Денес би се вратиле во камено доба ако започнете војна против Либан“, се закани Насрала во синоќешното телевизиско обраќање.

Минатата недела, за време на обиколката на границата со Либан, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант се закани дека Израел ќе го врати Либан во камено доба доколку Хезболах го испровоцира.

Насрала процени дека ќе бидат потребни „само неколку ракети со висока прецизност“ за да се уништи списокот на цели, вклучително, како што рече, „цивилните и воените аеродроми, воздушните бази, електраните, комуникациските центри и (нуклеарната) централа Димона”

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јордан: Израел го турка Блискиот Исток на работ на регионална војна

Тој, исто така, предупреди дека во случај конфликтот да се прошири на „фронтот на отпорот“, односно на другите позиции, особено на палестинските, кои се поддржани од Иран и кои се непријатели на Израел, „нема да остане ништо од т.н. Израел“.

Лидерот на шиитскиот Хезболах говореше на 17-годишнината од крајот на последната војна против Израел во 2006 година.

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во војната на либанска страна, главно цивили, а 160 на израелска страна, главно војници.

Хезболах е единствената организација која го задржа своето оружје од крајот на граѓанската војна во Либан, водена од 1975 до 1990 година, во име на „отпорот“ против Израел.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Хезболах користи пејџери? Срушен камен-темелник на милитантната група, експлозиите открија клучна слабост!

Упориштето на Хезболах, граничната област со Израел во јужен Либан, е место на спорадични инциденти меѓу двете земји, кои формално се во војна.