Лидерот на Хезболах: Ќе се бориме без двоумење, без правила и без граници

Сподели со своите пријатели

Лидерот на либанското движење Хезболах, Хасан Насрала оцени дека израелското убиство на заменик-лидерот на Хамас во Бејрут е „големо, опасно злосторство за кое не можат да молчат“.

Loading...

Нападот на јужен Бејрут во вторникот вечерта, во кој беше убиен Салех ал-Арури, заменик-претседателот на политичкиот комитет на Хамас, Насрала го опиша како „очигледна израелска агресија“.

Тој изрази сочувство до Хамас и порача дека убиството нема да остане неказнето.

Насрала се закани дека нема да има „ограничувања“ или „правила“ во нивната борба доколку Израел започне војна против Либан.

„Ако непријателот (Израел) мисли да води војна против Либан, ние нема да следиме никакви правила“, рече Насрала во говор одржан преку видео врска за време на митингот по повод четвртата годишнина од убиството на моќниот ирански генерал Касем Солејмани со американско беспилотно летало во Ирак во 2020 година, пренесува ДПА.

„Засега се бориме на бојното поле со прецизни пресметки, ако непријателот започне војна против Либан, нашата борба ќе биде без граници, ограничувања, правила и контроли… Кој ќе помисли на војна со нас ќе зажали затоа што војната кај нас е силно, многу скапо“, рече тој.

Нападот на јужното предградие Дахиех во Бејрут е прв израелски напад врз Бејрут по речиси тримесечни речиси секојдневни престрелки меѓу израелските сили и Хезболах во пограничната област.

Израел го смета Ал-Арури за главен организатор на нападите на Западниот Брег.

Loading...

Израелската армија не сакаше да го коментира неговото убиство.

Хезболах лансираше ракети преку границата со Израел на 8 октомври како поддршка на Хамас, кој изврши напад врз јужниот дел на Израел еден ден претходно, што предизвика силно израелско бомбардирање на Појасот Газа.

Насрала рече дека „брзата“ реакција на Хезболах на 8 октомври и прекуграничното гранатирање оттогаш спречиле пошироко израелско бомбардирање на Либан и покажале дека способноста на Израел да спречи такви напади „пропаднала“.

Во израелските напади загинаа повеќе од 120 борци на Хезболах и повеќе од 20 цивили. Во судирите загинаа најмалку девет израелски војници.

Тоа беше трет говор на Насрала од 7 октомври.

Насралах најави дека на 5 јануари повторно ќе и се обрати на јавноста со повеќе детали за акциите на Хезболах на југот, пренесува Хина.

 

Loading...