Вчера во 23,00 часот на Полициска станица за Граничен премин Табановце, за влез во Р.Македонја, се пријавил М.Џ.(26) од с.Бузалково-Велес. По извршената пасошка контрола, утврдено е дека М.Џ. се бара за издржување казна затвор во траење од 20 дена, за сторено кривично дело по член.297 став.3 а во врска со чл.1 од Кривичен Закон на Р.Македонија (“загрозување на безбедноста на сообраќајот“), по што е лишен од слобода.
Во 23.40 часот, со Потврда за предавање на лице, лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово, за понатамошна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи.