Спортската сала на училиштето „Толи Зордумис“ денес беше домаќин на приредбата која го организираше општина Куманово во соработка со двата центри за лица со интелектуална попреченост во Куманово.
[huge_it_gallery id=”221″]
Приредбата е во рамките на одбележување на празникот 11-ти Ноември, а истовремено оваа претстава беше увертира за прославата на Денот на лицата со хендикеп кој ќе се одбележи следниот месец.
Преку песна, забава и игри се покажа дека и овие лица можат да бидат креативни и да се вклучат во општеството, а на крајот на приредбата заедно со волонтерите порачаа „Гледајте ме со срце“.
Еден од волонтерите Фросина Лазаревска, истакна дека тие не се лица со посебни потреби, туку посебни мали и големи деца.
Професорот по физичко и здравствено образование, Александар Крстевски вели дека по вакви настани е забележливо значително подобрување кај овие лица.
Координаторот на проектот од општина Куманово, Фросина Трајковска истакна дека ваквите креативни проекти го овозможуваат базичното образование и описменување на лицата со интелектуална попреченост.
Оваа приредба е дел од проектот кој се реализира веќе подолг временски период „Образование на Роми и возрасни лица со интелектуална попреченост“, а е подржан од општината и УНДП.