Лица од Ваксинце фатени во осигурителна измама преку приватна фирма

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Н.(48) сопственик на ДПТУ “Ваљон-Ј Флорије“ДООЕЛ Ваксинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против В.Н.(45) од село Ваксинце – општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ и З.М.(38) од село Лојане – Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Loading...

Во јули 2014 година, Ф.Н. злоупотребувајќи ја службената положба незаконски му го дала службениот печат на В.Н. кој пак изготвил фиктивни каса обрасци во износ од 210.290 денари во кои било наведено дека поправки и замена на оштетени делови за возило сопственост на третопријавениот се извршени во ДПТУ “Ваљон-Ј Флорије“ДООЕЛ.

По ова, третопријавениот изготвените обрасци ги употребил како вистинити поднесувајќи ги во прилог на барање во странска осигурителна компанија каде било осигурано возилото заради наплата на штета.

Leave a Reply