18.04.2015 15:04

Либералдемократите се приклучија на акција за садење дрворед (видео)


Четириесет нови садници беа посадени денес на зелената површина кај Спомен Костурница, поточно на потегот кон нас. Карпош. На денешната акција на ЈП Чистота и Зеленило се придружи и  Општинската Организација на ЛДП во рамки на неделните активности во пресрет на 18 – тиот роденден на партијата.

 

loading...

Зоран Павловски, претседател на ОО на ЛДП Куманово вели дека денешната акција е последна активност на партијата која деновиве спроведе крводарителска акција, како и акција на донирање книги во Ученичкиот дом ”Професор Мијалковиќ”.

 

 

Јавното претпријатие ”Чистота и зеленило” продолжува со саботните акции за разеленување и одржување на зелените површини во градот, изјави Сашо Петрушевски, директор на јавното претпријатие.

– Овојпат со соработка со ОО на ЛДП, започнавме акција на садење на 200 нови садници на потегот од населба Карпош до влезот на градот, при што се надеваме дека граѓаните ќе имаат можност да уживаат во сенка при пешање на овој потег од градот, вели Петрушевски.

Долгата улица од Спомен Костурница до нас. Карпош ќе ја красат нови садници од видот каталпи и јасен. Акцијата на садење на дрворедот ќе се одвива во текот на следните недели.

 

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments