Левица бара одговорност за двете свирепи убиства во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како резултат на несоодветното постапување на институциите и несанкционирање на монструмот Дејан Јовановски од страна на правосудните органи, после десет години тортура врз двете жени, тој останал на слобода и свирепо ги уби неговата сопруга и нејзината мајка, додека осумгодишното синче се криело во собата.

Loading...

Овој хорор го трпеле двете жени со години, а и покрај тоа што убиецот имал пет кривични пријави, изречени биле само две условни пресуди. Втората пресуда Основниот суд во Куманово ја донел во 2021 година, откако претходната година ја претепал својата партнерка.

Левица јавно бара одговори од ОЈО Куманово по кој основ поднеле обвинителен предлог против убиецот, со оглед на фактот дека на насилникот му се изречени само две условни пресуди, од три и седум месеци?!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анета Шандева - Доневска е нов директор на „Куманово- план“

Бараме одговор од Основниот суд Куманово судиите како ги ценеле овие околностите и зошто, по низата физички напади и закани не предвиделе дека можат да бидат кобни за жртвите и не било изречена построга санкција за убиецот?

Казните за нанесување телесна повреда, односно тешка телесна повреда извршени како семејно насилство варираат, до 3 години, односно 5 години казна затвор, во зависност од делот. Доколку убиецот бил зад решетки, можеби никогаш немало да се случи овој злостор.

Убиството на двете жени во Куманово повторно го отвори прашањето колку нашите институции имаат капацитет да ги заштитат жртвите на семејно насилство и да им овозможат соодветна заштита на истите. Поразително е тоа што насилството врз жени во овој трул систем, институциите одлучуваат да го игнорираат, наместо навремено да преземат соодветни мерки за заштита.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пред 81 година Британците се приклучиле кон Кумановскиот партизански одред

Неефикасните бирократски процедури и институционалните бариери, економската зависност, страв од бездомништво и сиромаштија се најчести причини жените жртви да бидат обесхрабрени да го пријават случајот. Нужни се системски промени со кои брзо и ефикасно ќе се справува со насилниците, за да се заштитат жртвите, а потребно е зголемување и заострување на казните затвор за семејно насилство.

За жал, во Македонија не постои официјална статистика за бројот на фемициди, но некои неофицијални статистики велат дека во периодот од 2001 до 2020 имало 54 такви случаи. Случаите на фемицид го потресоа регионот, откако во Босна и Херцеговина во период од 10 дена беа убиени две жени од своите поранешни партнери.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Утринските температури во негатива

Министерството за труд и социјална политика, на чело со министерката Јованка Тренчевска од редовите на СДСМ, остануваат неми за насилствата кои секојдневно го трпат жените во Македонија, како и за загрижувачката бројка на случаи на фемицид.

Бараме одговорност од сите чинители во низата кои се директни соучесници во убиството на жените!

Интегрално соопштение: Левица