Авионот со рускиот претседател Владимир Путин бил придружуван од ловци Су-35С на руските воздушни сили додека не слетал во Абу Даби, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Loading...
– Ловците носеа стандардно оружје од различни класи. Авион Су-35С полета од оперативен аеродром во Русија при тешки временски услови со силен дожд и налети на ветер. Со ловците управувале пилоти од прва класа – рече Песков.
Песков рече дека за воздушната поддршка на претседателскиот авион се добиени посебни дозволи за летање од земјите над чии територии лета авионот на Путин и им се заблагодари на тие земји за соработката, пренесува РИА Новости.