Лек кој ја успорува Алцхајмеровата болест денеска ќе добие зелено светло во Британија

Сподели со своите пријатели

Британскиот регулатор се очекува да даде одобрение за леканемаб, лек кој ја забавува Алцхајмеровата болест.

Loading...

Пред еден месец Европската агенција одби да му даде лиценца на лекот.

Леканемаб, лек за кој е откриено дека ја забавува Алцхајмеровата болест, денеска треба да добие зелено светло за употреба во Велика Британија, пишува Телеграф, а пренесува 24сата.

Тоа е првиот лек за кој е откриено дека го забавува когнитивниот пад до 27 отсто, а во четврток британскиот регулатор треба да даде дозвола тој да се користи во раниот третман на болеста.

Експертите се надеваат дека ова ќе биде огромен чекор во запирање на болеста.

Инаку, ЕМА, Европската агенција за лекови, минатиот месец одби да даде лиценца за лекот.

Потоа утврдиле дека потенцијалните несакани ефекти (вклучувајќи потенцијално крварење во мозокот) ги надминуваат ефектите на лекот, пишува Би-Би-Си.

Леканемаб го произведува јапонската компанија Еисаи, а лекот се зема на секои две недели преку интравенско капнување.

Loading...