Познато е дека олимпискиот шампион и еден од најдобрите спортисти на сите времиња, Американецот Мајкл Фелпс веќе подолго време се бори со депресија. Дека тоа е случај, откри и неговата сопруга Никол, која дава се од себе за да му помогне на нејзиниот сопруг да се издигне од дното.
Никол во интервју за американскиот „Today“ призна дека стравува за нејзиниот сопруг. Мајкл пред извесно време изјави дека мисли дека никогаш нема да се излечи целосно од оваа состојба, па дури и призна дека стравува за својот живот со оглед на различните мисли што понекогаш му паѓаат на ум.
„Поминав време на многу тешка депресија по Олимписките игри и го ставив животот во опасност“, рече еднаш Фелпс.
Сопругата со која има три деца Никол Фелпс откри дека се плаши од болеста на нејзиниот сопруг секој ден. Таа исто така го наведе примерот на Ванеса Брајант која минатата година остана без Коби кој трагично загина во пад на хеликоптер.
– Кога видов како е за неа кога го изгуби Коби, единственото нешто што можев да направам е да го погледнам Мајкл и да му речам: Можем ли да ти помогнам? Затоа што ако те изгубам, не знам што ќе правам – објасни Никол.
– Порано мислев дека можам да му помогнам како еден вид терапевт, но она што го научив е дека не можете да се грижите за тоа како се чувствуваат таквите луѓе, колку и да сакате. Децата се тие кои му носат насмевка на лицето и го прават среќен, како и јас, и без нивна помош, едвај можам да го издржам сето ова.