„Либерално-Демократската Младина (ЛиДеМ) преку пратениците на ЛДП во македонското Собрание ќе достави предлог-закон за легализација на марихуаната во медицински цели.
Употребата на канабисот во Македонија зема се поголем замав, затоа сметаме дека со неговата легализација ќе им се овозможи на болните коишто се одлучиле за таков третман, овој лек да го земаат легално. Притоа ќе се елиминираат сите сомнежи и можности за манипулации од страна т.н. дилери на марихуана, околу квалитетот на производите од оваа супстанца.
Либерално-Демократската Младина (ЛиДеМ), исто така, со задоволство го проследи истражувањето на агенцијата М-Проспект, според кое 70% од нашите сограѓани ја одобруваат употребата на марихуана (коноп) во медицински цели. Ја поздравуваме и храброста на агенцијата конечно да се направи истражување, на оваа за многумина табу тема во нашето општество. Резултатите ги сметаме за охрабрувачки, затоа што декриминализацијата на марихуаната и нејзината употребата за медицински цели, е наша долгогодишна заложба.
Во исто време се поголем е трендот и поддршката на регионално, европско и светско ниво за легализација на канбисот како алтернатива на хемиските супстанци.
Во Уставот на Р.Македонија во член 39 стои: „На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.“
Доколку одредени пациенти се одлучат на ваков третман и тој делува позитивно на нивното здравје, сметаме дека државата несмее да им го ускратува правото на легално користење на марихуаната“, се вели во соопштението на ЛиДеМ.
извор:А1он.мк