Русија нема намера да објавува детали за напредокот на преговорите со САД за решавање на украинската криза сè додека разговорите официјално не завршат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Ние сме многу претпазливи. За разлика од некои други, ние никогаш јавно не зборуваме за тоа што се случува на преговорите, бидејќи во спротивно тие разговори не би биле сериозни – изјави Лавров за Си-Би-Ес.
Како пример за „други“, Лавров го наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што тврди, комуницира со другите преку медиумите, па дури и со американскиот претседател Доналд Трамп.
Во интервјуто, Лавров особено нагласи дека, според него, Трамп е единствениот кој ги разбира основните причини за избувнувањето на конфликтот во Украина.
Според него, Трамп верува дека постигнувањето договор е многу блиску, но дека сè уште има голем број детали за кои треба да се договори.