Русија прави се што е во нејзина моќ за да ја обезбеди безбедноста на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа Запорожје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАС С.
Тој изјави дека руските власти прават се за овој објект да биде безбеден, да функционира и задачите на мисијата да се извршуваат во согласност со плановите.
– Инсистиравме мисијата да има балистички експерти. Па се надевам дека ќе научиме нешто. Поточно, знаеме се, но се надеваме дека и меѓународната заедница ќе ја искористи оваа можност, додаде рускиот висок дипломат на средбата со студенти и професори на Московскиот државен институт за меѓународни односи.
Тој потсети на извештаите на руската армија за обидот утринава да приземји украински диверзанти во близина на нуклеарната централа Запорожје, кој беше неутрализиран.
„Нашата армија објави дека диверзантските групи се неутрализирани. Мислам дека е многу висока цена меѓународната заедница да ја знае вистината, но ако Украина сака да ја постигне на овој начин и да покаже што е тоа, тогаш само се надевам дека тоа не води до некаква катастрофа“, нагласи Лавров.
Тој додаде дека Русија сака објективност и дека мисијата на МААЕ ќе ги открие сите траги што ги остави украинското гранатирање.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.