Латвија: Балтичките држави и Русија ќе ги дели „железна завеса“

Сподели со своите пријатели

Балтичките држави и Русија ќе ги дели „железна завеса“, изјави летонската премиерка Евика Силиња.

Loading...

– Нам ни е јасно дека во иднина ќе се подигне „железна завеса“ меѓу балтичките држави и Русија и Белорусија – рече Силиња, обраќајќи им се на членовите на Атлантскиот совет во Вашингтон.

Сепак, таа призна дека Летонија засега нема да може да обезбеди целосна независност од руската нафта и гас.

Минатата недела Силиња се најде на списокот на особено непријателски расположени функционери на балтичките земји кон Русија што го состави руското Министерство за надворешни работи.

Меѓу другото, на истата листа се и премиерката на Естонија Каја Калас и поранешната претседателка на таа земја Керсти Каљулаид и други.

На списокот се вкупно 347 државјани на Литванија, Летонија и Естонија и на сите им е забранет влез во Русија.

На изјавата на премиерката на Латвија реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Ќе има ли доволно железо? Или ќе купите од Русија – иронично искоментира таа.

Loading...

Инаку, терминот „железна завеса“ првпат го употребил Винстон Черчил во 1946 година, зборувајќи за поделбата на повоена Европа според сферите на влијание, а се смета за почеток на Студената војна.

– Железната завеса се спушти над целиот континент – рече Черчил во говорот што го одржа во американскиот град Фултон.