Во последните десетина години Лондон стана престолнина на скапи спортски автомобили, а особено интересен во пролет и лето кога по неговите тесни улици ќе тргнат да крстарат многуброји ексклузивни модели на Порше, Мекларен, Пагани, Ферари, Ламборџини и други престижни брендови.
Нивните сопственици обично водат потекло од Русија и земјите на Персискиот залив, а бидејќи регуларните верзии на овие модели ним им стануваат „досадни“, се почесто се гледаат специјално доработувани машини.
Еден од таквите уникати е Ламборџини Авентадор, и тоа Супервелоче верзија со В12 мотор кој развива 750 коњски сили. Иако овој модел сам по себе претставува реткост (произведен е само во 600 примероци, по цена од 280.000 евра), на Русинката Дарија Радионова тоа не и било доволно, па го прекрила со два милиони Сваровски кристали.
Доработката траела два месеци, потрошени се 700 работни часа, а премиерното возење е изведено минатиот викенд.
Погледнете и како „обично“ изгледало возилото пред „кристализацијата“.
Гордата сопственичка на воздилото ставила и посебна регистрација DAR11A (во Влика Британија табличката мора да содржи и букви и бројки). На Дарија ова не и е прв „кристален“ модел затоа што во својата колекција има сличен Мерцедес ЦЛС 350 со регистрацијата BA11BYY.