Лајпциг улицата каде што се наоѓа рускиот конзулат ја именува по украински херој

Сподели со своите пријатели

Властите на германскиот град Лајпциг го сменија името на улицата каде се наоѓа конзулатот на Русија и го именуваа по, како што е соопштено, украински херој.

Loading...

Турмгутштрасе ќе се преименува во Ромаченкоштрасе.

Улицата го носи името на Украинецот Борис Ромаченко, кој преживеал четири концентрациони логори за време на Втората светска војна, а бил убиен на 96-годишна возраст, според германските власти, во март годинава од руска граната во Харков.

Во 1942 година, кога имал 16 години, Романченко првпат бил донесен во Дортмунд од германскиот Вермахт како принуден работник.

По неуспешниот обид за бегство, тој во 1943 година бил сместен во концентрациониот логор Бухенвалд, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Потоа бил префрлен во Пенеминде, каде што морал да помогне во изградбата на ракетата V2.

Бил затворен и во концентрационите логори Мителбау Дора и Берген-Белсен.

По ослободувањето, тој бил војник во советската армија до 1950 година, а по враќањето во Украина, работел како инженер.

Loading...

За време на неговиот живот, Романченко бил вклучен во расветлувањето на нацистичките злосторства и бил потпретседател на меѓународниот комитет Бухенвалд-Дор.

Тој беше убиен на 18 март годинава кога ракета го погоди неговиот дом во Харков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.