Квиз на ЦИА: Од каде потекнува името на Косово?

Сподели со своите пријатели

Српскиот збор „кос“ е во коренот на името Косово, објаснува американската Централна разузнавачка служба (ЦИА) на својот Твитер профил.

По повод отворање на Зимските олимписки игри, ЦИА на својот Твитер профил објави квиз, а меѓу прашањата за учесниците на тоа спортско натпреварување се најде и онаа за потеклото на името Косово.

ЦИА наведува дека името Косово има српски корен и дека е изведен од српскиот збор кој ја означува птицата кос. Поставено е прашањето кој англиски збор одговара на тој термин.

 

Loading...

 

Од вкупно 410 одговори, 50 отсто биле точни, односно половина од следбениците на ЦИА на Твитер кои учествувале во квизот гласале за зборот „blackbird“ што е англиското име за птицата кос.

Во истиот квиз, ЦИА поставува и прашање која валута се користи за внатрешните трансакции на Косово, а земјата ја опишува како територија со големина на Далавер.

– Одговорот е евро, наведува ЦИА на својот профил, но додава дека во одредени српски енклави се користи и динарот.

Leave a Reply