Кандидатот за премиер од движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави денеска за време на состанокот со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалог за Косово и Србија, Ричард Гренел, дека содржината на дијалогот е поважна од роковите.
„Што се однесува до дијалогот Косово-Србија, реков дека нејзината содржина е поважна од роковите“, напиша Курти на Твитер.
Курти исто така напиша дека му се заблагодарува на амбасадорот Гренел за континуираната поддршка на САД за Косово, во време на војна и мир.
Ричард Гренел, кој воедно е и амбасадор на САД во Германија, денеска ја посети Приштина, каде покрај Курти, се состана со косовскиот претседател Хашим Тачи и други институционални и политички функционери.
Специјалниот претставник на САД за дијалог на Косово и Србија, Ричард Гренел, утре, во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.