Курц ги откажа сите обврски, се тестира за коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги откажа сите денешни обврски и беше тестиран за новиот коронавирус, откако беше утврдено дека негов неименуван близок колега бил позитивен на Ковид-19, изјави денеска неговиот портпарол.

Loading...

Вицеканцеларот Вернер Коглер ги презеде истите мерки на претпазливост, а исто така е тестиран и персоналот на Себастијан Курц, рече портпаролот, додавајќи дека Курц не е во карантин.

Курц и Коглер последен пат контактирале со неименуваниот колега во средата, јавија австриски медиуми.

Пандорка Арсовска-Гацова

Leave a Reply