Откако неговиот син купил, наводно, проколната кукла, Пол Стир (54) од Англија, на десната подлактица пронашол ситни гребнатинки.
Британските медиуми минатото лето пишуваа за наводна проколната кукла која сопствениците одлучиле да ја продадат на интернет откако во нивната луќа започнале да се случуваат прилично чудни работи.
Престрашеното семејство дало оглас на „Ebay“ и куклата по аукцијата заминала во Лија Стира. Момчето куклата ја платило неверојатни 900 евра, но набргу се покајало.
Имено, како што пишува британскиот „Дејли Мејл“, само два дена откако куклата преку пошта стигнала во домот каде живее Ли со родителите се случил и првиот необичен случај.
Таткото на Ли, Пол тоа утро на десната подлактица пронашол необични, ситни гребнатинки.
Татко ми наутро работеше во подрумот, а куклата тогаш се уште беше спакувана во кутија. Само во еден момент слушнал звук на чекорење. Ми рече дека тоа е малку необично. Подоцна тој ден гледај лајв-стрим на нашата кукла и мајка во еден момент рече дека го боли раката. Го подигна ракавот и пронајде шест гребнатинки. Ми се чини ека се слични на гребнатинките на ногата на сопругата на поранешниот сопственик на куклата. Ми рече дека не е среќен што таа кукла е во куќата. Еднаш само зборувавме за куклата и во тој момент на ѕидот започна да се ниша закачената слика. Пред да ја купам куклата такви работи во домот никогаш не се случуваа – тврди Ли, кој вели дека сака да се реши од куклата за која дал 900 евра.
Поранешната сопственичка на куклата Деби Мерик вели дека не е изненадена од необјаснивите настани во куќата на семејството Стир, но и дека и е навистина мило што се решила од куклата.
Деби рекла дека, додека куклата била во нејзиниот дом, се вклучувале противпожарни аларми, како и дека куклата себеси си ја симнала огрлицата.
Loading...