Купила автомобил од 24.500 евра во монети: Работниците три дена ги броеле парите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Работници во еден салон за автомобили во Кина останале без текст кога им пристигнала муштерија, жена која одлучила да купи „Фолксваген“ и тоа носејќи монети поделени во 66 вреќи.

Loading...

„Фолксваген пасат“ кој бил избор на оваа Кинезинка чинел 190.000 јуани, односно околу 24.500 евра, а на работниците им биле потребни три дена да ги избројат парите.

На снимкат асе гледаат неколку работници кои трпеливо ги бројат парите на подот од дуќанот, пренесува Дејли мејл.

Во броењето учествувале 17 работници и се траело три дена.

Кинезинската е сопственик на мал ресторан и монетите ги чувала од миштериите. Собирала 10 години и заштедела доволно за нов автомобил.

Сумата од 130.000 јуани успешно ја платила со монети, додека остатокот преку е-трансфер.

https://youtu.be/U7Dkjc6NvMU

Фото: Јутјуб принтскрин

Leave a Reply