Купете куќа во Турција и ќе добиете и државјанство

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за економија Нихат Зејбекџи изјави дека секој кој што ќе купи некој вид на некретнина во Турција ќе биде во можност да се стекне и со турско државјанство.

Loading...

Министерот присуствувал на состанот на претседателите на турскиот сектор за продажба на нектретнини и инвеститори од заливските земји и во таа прилика изјави дека се во тек активности за осигурување државјанства на странците кои купуваат некретнини во Турција. Наведува и дека слична пракса веќе се воведува во дел од земјите од светот.

Личноста која поседува сопственички лист со турски грб е наш државјанин. Кренавме со сериозни активности по ова прашање. Се уште не се прецизно дефинирани сите услови, но наскоро конечно ќе издадеме државјанство на личности кои тука ќе купат одреден имот – вели министерот за економија.

За иницијативата е објавено и во турскиот Совет на министри, но за покренување на постапката ќе биде потребно некое време.

Тој скренува внимание на подршката на Владата кон градежничкиот сектор и додава дека продажбата на некретнините на странски државјани е еден вид на увоз.

Осве тоа, министерот најави дека во подготовка е и нова регулатива, кој ќе се однесува на компаниите кои се занимаваат со продажба на некретнини на странци, како и за хотелите во кои престојуваат странските државјани.

Излагањето го заврши со зборовите дека компаниите кои привлечат странски инвеститори во земјата, благодарение на оваа регулатива ќе бидат сметани за увозници.