Кумановските училишта и градинки нема да работат утре (видео)

Сподели со своите пријатели

Како што одлучи Општинскиот Кризен штаб за заштита и спасување, кумановските училишта и градинки нема да работат утре, со оглед дека се уште постојат безбедносни ризици по децата.

Loading...

На денешната итна седница, Општина Куманово со цел да помогне на своите граѓани, од денес ќе отвори прифатни цели во спортските сали на ОУ ”Христијан Карпош” ”Кочо Рацин” и ОУ ”11 Октомври”.

Сите граѓани на Куманово кои се наоѓаат во зоната на борбените дејствија или се евакуирани а им е потребна било каква помош, можат да се јават во Општина Куманово на телефонските броеви (031) 420-451 и 475-800

 За таа цел, општината ќе одвои 2 милиони денари, соопшти кризниот штаб.

Leave a Reply