Кумановските пожарникари вчера изгаснале шест пожари

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово вчера изгаснале вкупно шест пожари.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била на опожарена сува трева и стрниште во атарот на селото Романовце. Таму тројца пожарникари интервенирале од 10:00 до 11:00 часот.

Сува трева и стрниште гореле и во липковско Слупчане каде во период од 14:30 до 16:45 часот интервенирале троја пожарникари.

Во населбата Перо Чичо во период од 19:10 до 19:55 часот интервенирале двајца пожарникари на запален отпад.

Стрниште и сува трева гореле и во атарот на селото Пчиња. Таму било интервенирано во период од 17:00 до 21:35 часот од страна на шест пожарникари со две противпожарни возила.

Околу полноќ двајца пожарникари повторно биле упатени кон населбата Перо Чичо каде горел запален смет. Интервенцијата ја завршиле околу 00:30 часот.

Во селото Љубодраг гореле опожарена сува трева и стрниште. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 23:40 до 01:00 часот.

Во моментот нема активни пожари.

Loading...

Никола Ивановски