Кумановските основци во посета на СВР Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

По повод 7 Мај, Ден на македонската полиција, денес во СВР Куманово во посета беа ученици од ОУ ”Крсте Мисирков” и ОУ ” 11 Октомври” кои заедно со своите наставници имаа можност и одблиску да се запознаат со работата на полицијата.

Loading...

[huge_it_gallery id=”32″]

Денешниот настан за децата е од посебна важност, велат наставниците бидејќи децата имаат малку поразлична перцепција за припадниците на безбедносните сили. Со денешното запознавање на полицајците, децата сигурно ќе стекнат поголема доверба во нив, велат наставниците.

По повод 7 Мај, СВР Куманово утре предвидува повеќе настани. Одбележување на денот на полицијата ќе започне со положување на цвеќе пред вечните почивалишта на седум припадници на безбедносни сили од СВР Куманово трагично загинати на задача и ќе заврши со традиционален коктел во кругот на кумановската полиција.

Leave a Reply