Кумановските кик-боксери ќе учествуваат на турнир во БиХ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тројца кик-боксери, членови на кик-бокс клубот Куманово 2006 викендов ќе учествува на меѓународен турнир во Сараево, Босна и Херцеговина.

Loading...

Турнирот е под закрила на WAKO, Светската кик-бокс организација, а натпреварувачите ќе ги одмерат силите во различни дисциплини, возрасти и категории.

 

 

КБК Куманово ќе учествува тројца натпреварувачи во јуниорска и сениорска конкуренција.

Во име на јуниорите ќе се натпреваруваат Лука Велковски и Александар Стоилковиќ, во категорија до -89, односно -94 килограми.

 

Loading...

 

Во сениорската конкуренција боите на Куманово ќе ги брани Ненад Димковски, кој ќе се натпреварува во категоријата -91 килограми.

Напорно трениравме за оваа учество на турнирот и очекуваме добри резултати. Голема благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски и ОССК Куманово и правниот субјект Бучен Козјак кои ни помогнаа да го реализираме оваа учество на турнирот, изјави тренерот на клубот Сашо Илиевски.

 

 

На турнирот учество ќе земат уште неколку клубови од Македонија, како и клубови од соседните држави.

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply