Учениците од Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово организираа хуманитарен турнир во одбојка при што собраа пари за настрадите во трагедијата во Кочани.
Турнирот го организираше Ученичкиот парламент на Гимназијата на чело со Матеј Каранфилов и Бела Димовска, при што беа собрани 15.000 денари.
– Акцијата беше реализирана со силна поддршка од наставниците и Директорот на училиштето Марија Тодоровска кои активно се вклучија во спроведувањето на оваа иницијатива. Ова не е прва хуманитарна активност во Гимназијата – учениците и претходно организираа хуманитарни базари, како и акција за собирање на пакетчиња за социјално ранливи категории. Преку вакви иницијативи, учениците континуирано ја негуваат солидарноста и хуманоста, велат од училиштето во својата објава.
Со оваа акција, Ученичкиот Парламент упатува повик до сите компании, институции, училишта и поединци кои се во можност – да се вклучат и помогнат на настраданите.
– Секоја помош без разлика на обемот е важна за оние на кои им е најпотребна, велат учениците.
Никола Ивановски