Кумановските атлетичари повторно најдобри во државата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Атлетичарите на Атлетскиот клуб Куманово и годинава беа најуспешни на Сениорскиот државен куп кој викендов се одржа во Скопје.

Loading...

Женскиот состав на клубот покажа силна доминација на купот и убедливо успеа да го освои првото место, додека мажите се на третото место. Според сите собрани поени Куманово сепак е најуспешен клуб во државата.

– Поените не е лесно да се соберат, може да бидете први и да немате поени, ако не се постигне одредено ниво на резултат, т.н. норма. Само со остварување на таа норма почнува доделување на тие поени, се бара квалитет на резултати, а не само масовност. Нашата екипа не беше многу голема, 17 луѓе, но едноставно сите успеаја да бидат прво, второ или трето место и на тој начин успеавме да победиме и покрај други помасовни екипи, изјави Филип Колевски, тренер на АК Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

 

 

Еден од најголемите успеси на клубот го забележа младата Теа Алексовска која успеа да собори државен рекорд во фрлање кладиво во категоријата под 18 и под 20 години.

– Учествува во три дисциплини, првиот ден беше фрлање диск каде успеав да направам личен резултат, а со тоа и норма за Балканското првенство што ќе се одржи во Црна Гора за две недели. Вториот ден за прв пат учествував во дисциплината фрлање кладиво, каде успеав да поставам нов државен рекорд, односно младински рекорд кој сега изнесува 25,62, а учествував и во фрлање ѓуле, изјави Алексовска.

Loading...

 

 

Извонредни резултати постигна и Матеја Ефремовска која настапуваше во пет дисциплини, меѓу кои трискок, фрлање диск, штафера и скок во далечина и фрлање ѓуле при што освои три први и две втори места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

– Тоа е еден од најважните натпревари за нашиот клуб затоа што ова е како рангирање кој на кое место ќе бидеме во државата. За нас е најважен затоа што секогаш се бориме да станеме најдобар клуб и како и изминатите години станавме најдобар клуб, а особено ме радува тоа што во женска конкуренција издоминиравме. Лично сум задоволна од моите резултати бидејќи оваа година може да се каже како враќање од повреди и ова ми е најуспешен настап во изминатите години, изјави Ефремовска.

 

 

Loading...

– Нѐ очекуваат и други натпревари, што се поединечни првенства каде сите наси атлетичари ќе се обидат да ги надминат сите свои постигнувања, да допринесат за клубот или да влезат во репрезентација. Ова како престиж титула е рано во сезоната Сениорскиот куп, потоа имаме и поединечни првенства, Младинскиот куп во септември, додава тренерот Колевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

 

Како дел од репрезентацијата атлетичарката Теа Алексовска ќе биде единствен претставник на Куманово на Балканското првенство во Црна Гора.

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски

Loading...