Кумановските атлетичари незапирливи: Ги собраа медалите и од младинското првенство

Сподели со своите пријатели

Атлетичарите на Атлетски клуб Куманово повторно издоминираа со освојување на низа медали и поставување нови рекорди, овој пат на Државното првенство за младинци.

Loading...

 

 

Изминатиот викенд на првенството Теа Алексовска освои два златни медали, еден за фрлање диск и еден за фрлање кладиво. Воедно Алексовска постави нов личен и државен рекорд за младинска категорија (до 20 години), кој изнесува 37,60 сантиметри.

Злато на 100 метри со пречки освои Дијана Вукановиќ, која се врати и со два сребрени медали во дисциплините скок во далечина и трискок.

 

Loading...

 

Во дисциплината скок во височина со сребрен медал првенството го заврши Лина Аневска, додека бронзен медал за истата дисциплина освои и Марио Пешевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје

 

 

Давид Тасевски имаше извонредни резултати и други четири медали. Тој освои злато во фрлање кладиво, сребрени медали за фрлање ѓуле и диск и бронзен медал во дисциплината фрлање копје.

 

Loading...

 

Михаил Стошевски во трискок постигна нов личен рекорд, а Леон Златков во дисциплината на 100 метри.

Во штафетното трчање 4х100 кумановските атлетичари беа близу до државниот рекорд во категоријата под 16 години, но постигнаа втор најдобар резултат во историјата на македонската атлетика.

 

Никола Ивановски