Само два проекти се одобрени од страна на Министерството за култура за македонската драма при Кумановскиот театар, што повторно е најмал број на проекти во целата држава. Вкупно 1,6 милиони денари ќе добие Народен театар Куманово со новата програма, што кај дел од актерите доведе до огоречност и незадоволство.
Го изразуваме нашиот револт и протест заради долгогодишниот третман со кој се маргинализира, уназадува и уништува нашиот театар. Охрабрени од ветувањата на новиот состав при надлежното министерство, дека ќе се заложи за пофер дистрибуција на заедничките средства од центарот кон маргините, се понадевавме дека, конечно, некој ќе има слух за нашите заложби. Со големо разочарување констатираме дека, со однос на нас, само се продолжи практиката на дополнително осиромашување на послабиот и зајакнување на позициите на најсилните. Овој револт е наш личен револт, револт на актери, кои, од една страна, ја делат судбината на останатите колеги низ Македонија да работат во неподносливо лоши услови, но, од друга страна, се единствените кои секојдневно, електронски го евидентираат своето работно време како административни работници и единствените дежурни виновници во устата на високите претставници на министерството и колегите од главниот град, кога сакаат да бројат колку претстави сме изиграле во годината и да не’ посочуваат за неработници, без притоа да бидат запознаени со условите во кои тие претстави се работат, стои во реакцијата.
Како што посочуваат кумановските актери во управниот одбор немаат претставник или пак имаат некакви важни одлучувачки позиции и увид во парите, а уметнички директор пак немаат од 2010. година.
Loading...
Во продолжение ви ги пренсуваме нивните реакции:
Со буџетите што правиме? За овие скромни два проекти се одделени по 800 000 ден, еднакво, иста сума – по кои критериуми и според кои пресметки? Број на ликови во претставата, етаблираност на режисерот и соработниците, авторски права за текстот, дополнителни трошоци за изработка…?
