Кумановскиот претседател на Сојуз на борци од НОБ го прослави 90 -тиот роденден

Сподели со своите пријатели

Спирко Зафировски – Фртунац во кругот на семејството во Куманово вчера го прослави 90-тиот роденден. Во градот на осумтте народни херои и град на три партизански бригади и кумановска дивизија, Зафировски се вбројува во малкуте останати живи учесници во Народноослободителната војна.

Loading...

12179219_10205608739238529_372657268_n

Роден во 1925 во Куманово, Зафировски се приклучил на НОБ во пролет 1944 како дел од 17 – та кумановска партизанска бригада т.е како извидничар во Службата за известување.

Ноќта спроти 11 ноември 1944 година, како поставен извидничар, Зафировски добил задача да го набљудува движењето на окупаторските германски сили во Куманово, при што доцна во ноќта, откако увидел дека Германците се повлекуваат кон Скопје, Зафировски ја доставил информацијата до партизаните кога и следното утро започнува ослободувањето на градот.

Зафировски после завршувањето на Втората Светска војна продолжил да работи во ЈНА и Територијална одбрана на општина Куманово како началник на штаб од каде и стапува во пензија.

Спирко Зафировски во неколку наврати е претстедател на Општински одбор на Сојуз на борци Куманово, татко на три деца, дедо на пет внуци и шест паравнуци. На роденденската прослава во кругот на семејството, присуствуваа и претставници од политичкиот живот на градот и Совет на Општина Куманово.