Кумановски хорор филм „Шумска мајка“ освои lll место на фестивал во Грција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот краток хорор филм „Шумска мајка“ во режија на Марко Јовановски се закити со трето место на реномираниот грчки фестивал „Athens International Art“.

Loading...

 

 

„Шумаска мајка“ освои трето место во категоријата Најдобар краток Филм.

На свечениот настан во Атина беше извршено доделување на трофеи, од кои еден од нив заврши и во рацете на Марко Јовановски – режисер и сценарист на филмот.

 

Loading...

 

Филмот „Шумска мајка“ беше номиниран во уште две други категории: најдобар звук и најдобра кинематографија.

Според актерот и продуцент на филмот Николај Павловски станува збор за филм кој зборува за проблемите на најголемиот дел од младите луѓе со кои се соочуваат во непредвидливата денешница која може да донесе секакви опасности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

– Мојот пријател и режисер на филмот ја претставува таа опасност преку традиционалната словенска митологија која дава голема тежина за цртите на идентитетот на луѓето од просторите на Источна и Југоисточна Европа што секојдневно нѐ прати уште од мали нозе. Алегоријата на настаните кои се пропратени со елементи на фантазија покажуваат како всушност родителите и покрај проблемите кои се соочуваат секојдневно треба да посветат внимание на своите деца, а децата (без разлика на возраста) треба да ги почитуваат своите родители, вели Павловски.

 

 

Филмот е во продукција на R Evolution Pictures – Куманово, кои претходно го снимија и долгометражниот филм „Приказ“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Едно лице тешко повредено во верижен судир во кумановско

– По нашиот долгометражен филм „Приказ“ сакавме да работиме на нешто пократко, нешто што ќе може да биде снимено за брзо време и со помала организација. Веќе бев инспириран од старите приказни што ми ги имаат кажувано моите кога бев мал, и сценариото го напишав за брзо време. Филмот го снимивме за една недела и се одлучивме да ги бркаме фестивалите, бидејќи овој пат имаме краток филм, што значи може да аплицираме на повеќе фестивали и за помала цена, изјави режисерот Марко Јовановски.

 

 

„Шумска мајка“ е краток хорор-филм што ги води гледачите низ неизвесно патување во царството на Старословенскиот Фолклор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Грк приведен на Табановце поради нудење поткуп

Со уникатен спој на визуелни и звучни ефекти, овој филм ја остава публиката без здив, гледачите долго време по завршување на филмот ќе бидат маѓепсани со оваа приказна.

 

Loading...

 

Од своето основање во 2020 година, R Evolution Pictures започна да работи на изготвување на аматерски филмови.

Целокупниот труд и амбиција вложена во оваа индустрија овозможи унапредување на аматерската кинематографија.

Хорор трилерот „Шумска мајка“ наскоро ќе ѝ биде претставен и на македонската публика. Тоа е прв филм од ваков вид во државата, а според учестниците во проектот се очекува да доведе до еволуција на филмската индустрија и да ги помести границите на аматерските филмови.

 

Loading...