Во дворот на кумановската Гимназија денеска беа одбележани 122 години од смртта на патронот Гоце Делчев.
Бројни делегации меѓу кои градоначалникот Максим Димитриевски, Советот на Општина Куманово, здруженија, политички партии и граѓани положија свежо цвеќе пред училишната биста.
– Учебната 2025/26 година ќе биде осумдесетгодишнината од основањето на оваа институција. Благодарност до сите делегации што денеска се дел од заедничкото прославување на нашиот патронен празник. Денешниот ден ќе се презентираме и пред деветтооделенците како отворен ден за да се запознаат со новитетите што ги имаме за следната учебна година, изјави директорката Марија Тодоровска.
Денешното чествување беше збогатено и со културно-уметничка програма подготвена од самите ученици.
Училиштето е активно на многу меѓународни натпревари и создава генерации млади кои созреваат во многу успешни луѓе како во земјата, така и низ светот.
Никола Ивановски